Апелација го врати предметот за дедото на Тамара од почеток
29.11.2018 15:21
Со одлука на судот, предметот се враќа на повторно одлучување во првостепена постапка. Ново рочиште е закажано за 3-ти декември.

Скопскиот Апелациски суд ја укина затворската казна за Љупчо Стојановски, кој се обиде да го убие поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Со одлука на судот, предметот се враќа на повторно одлучување во првостепена постапка. Ново рочиште е закажано за 3-ти декември.
Стојановски беше дедо на малата Тамара која почина чекајќи да биде испратена на операција на ’рабетот во странство.
За обидот за убиство беше осуден на седум и пол години затвор.
