Политика

Пратенички прашања во Собранието

29.11.2018 15:27

Последниот четврток од месецот, резервиран за пратенички прашања. Опозицијата реагира за неприсуството на одредени министри, кои потоа на писмено давале несоодветни одговори на поставените прашања. На денешната седница- прашања за спроведувањето на Договорот со бугарија, економијата, образованието...

Економија, инвестиции, земјоделство, образование- дел од темите кои доминираа на седницата за пратенички прашања. Премиерот Заев на прашањето на пратеникот Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ објави- Фејсбук и Гугл чекаат Македонија да влезе во НАТО, па тогаш да инвестираат во земјава.

За проектот ветен во изборната кампања за поврат на ДДВ од 15 проценти, премиерот Заев појасни дека тоа се одложува до јули следната година, а во првите шест месеци ќе биде експериментален.

Кога ќе имаме што да споделиме со јавноста ќе кажеме јавно околу одредени заклучоци на Македонско- бугарската комисија што работи на ревидирање на учебниците, изјави шефот на Владата. Беше прашан што сѐ ќе се смени. Пратеничката Благица Ласовска смета дека одредени факти ќе бидат избришани.

Опозицијата реагираше дека одредени министри постојано не доаѓале на седницата за пратенички прашања, па потоа добивале писмени и несоодветни одговори.

 

Миле Ристески