Спомен обележје за загинатите од Првата Светска војна во Новаци

30.11.2018 11:12

Во селото Брод, општина Новаци поставен нов споменик во чест на загинатите војници и цивили од Првата Светска војна. Годинава се одбележува еден век од потпиишувањето на примирјето...

Спомен обележје во чест на загинатите војници и цивили и стогогодишнината од завршувањето на една од нјкрвавите војни која ја запамтило човештвото. Воен конфликт во кој Македонија била разделена на три дела и како значајно воено- политичко и стратешко прашање станува главна точка за плановите на двете завојувани страни. За жал и овој крај беше дел од таа војна. Новаци и околните села ја имаа таа несреќа македонскиот фронт да им минува крај куќите, да им ги опустоши имотите, браќа да се гледаат низ ничанот на оружјето.

„Новаци денес е ишаран како историска читанка со стари скривници, болници, магацини и ровови од пред еден век. И денес низ селата се наоѓат шлемови, стари гранати па дури и стари француски вина кој во студените ноќи ги стоплувале војниците“, рече градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски.

И ние во Франција имаме села кои имаат само име, но не и жители. Тоа беа тешки моменти за војниците, но и за цивилното население. Затоа тука се чувствувам како да сум на семеен собир, страдањата беа исти. Сето тоа денеска не приближува во служба на мирот кој денеска е исправен пред нови предизвици, порача амбасадорот Кристијан Тимоније.

„Мирот денеска значи да се работи за иднината. А ние како Франција, како всушност и целата меѓународна заедница со загриженост гледаме дека поминува низ извесни потешкотии. Исто така да бидиме внимателни на предизвиците на иднината“, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоније.

Во спротивно последиците можат да бидат катастрофални. Токму во Првта Светска војна се изведени првите масовни бомбардирања на цивили од воздух и е употребено хемиско оружје. Меѓународен конфликт во кој се бореле 65 милиони лица од 30 земји. Вкупните човечки загуби се огромни. Над 15 милиони починале, а 20 милиони биле повредени.

Стевче Митревски