Кривичен суд

Ново рочиште за случајот „Титаник“

30.11.2018 11:44

Во предметот „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се во притвор, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска...

Со читање на СМС пораки, од комуникацијата меѓу обвинетите, како доказен материјал на СЈО, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Титаник”.

Судијата Осман Шабани пред почетокот на судењето го прочита известувањето од Собранието на РМ дека на пратеникот Никола Груевски му е одземен имунитетот и најави дека судот ќе постапи по барањето за притвор на обвинетиот.

Во предметот „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се во притвор, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и Мартин Протуѓер, Билјана Бришкоска-Бошквски, Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко и уште неколкумина други.