Струга петти ден без вода за пиење, се чекаат анализите во понеделник
Водата сепак нема патогени организми, велат од институтот, но е заматена. Главниот извор за снабдување „Шум“ за питка вода, за стружани сѐ уште е без соодветни пречистителни филтри.
Веќе петти ден водата во Струга е здравствено небезбедна за пиење, потврдуваат и од тамошниот институт за здравје. В понеделник се очекува резултатот од наодот, од физичко хемиските и микробиолошките анализи на водата.
Водата сепак нема патогени организми, велат од институтот, но е заматена. Главниот извор за снабдување „Шум“ за питка вода, за стружани сѐ уште е без соодветни пречистителни филтри.
Од Центарот за јавно здравје упатуваат апел до граѓаните на Струга, сите оние кои се снабдуваат од градската водоводна мрежа да бидат претпазливи и да не ја користат водата за пиење, сѐ додека не се констатира дека матноста и останатите параметри се во границите на дозволеното.
