Ковач: ЕП нема никаква врска со екстрадицијата и азилот на Груевски
Советникот во кабинетот на Орбан, Золтан ковач, изјави дека европскиот законодавен дом воопшто не е запознаен со азилот на Груевски.

Унгарската влада реагираше на вчерашната резолуција на Европскиот парламент во кој беа вклучени амандмани за екстрадиција на Никола Груевски. Советникот во кабинетот на Орбан, Золтан ковач, изјави дека европскиот законодавен дом воопшто не е запознаен со азилот на Груевски.
„Европскиот парламент нема никаква врска со екстрадицијата и азилот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија“, изајви Ковач во интервју за телевизијата „Ехо“, додавајќи дека постапката за давање азил на Груевски не е политичко, туку правно прашање.
„Но, Европскиот парламент, кој нема никаква врска со тој процес, сака да го гледа како политичко прашање. Мнозинството европратеници гласаа за Резолуцијата иако немаат никаква врска со случајот со Груевски“, нагласи Ковач.
Најголемиот грев на Груевски, вели Ковач, е што изградил ограда и ја бранел Европа од тероризмот и мигрантите.
