Уставните измени во втора фаза, неопходни 61 пратеник
30.11.2018 13:05
Четирите амандмани подразбираат промена на името на земјата во Република Северна Македонија, се вметнува и Охридскиот договор во преамбулата...

Уставните измени во втора фаза на утрешната седница на Законодавниот дом.
Четирите амандмани подразбираат промена на името на земјата во Република Северна Македонија, се вметнува и Охридскиот договор во преамбулата, се гарантира територијалниот интегритет и суверенитет на соседните држави, а македонското малцинство во светот се преформулира во дијаспора.
За изгласувањето се неопходни 61 пратеник, односно просто мнозинство.
