Премиерот Заев на состанок на телото за помирување

30.11.2018 13:13

Прмеиерот по средбата изјави дека е постигната согласност за процесот на помирување и за изготвување законско решение. Покажавме политичка волја, рече Заев, дека сме подготвени за еден ваков чекор, посочувајќи дека мора да се направи дистинкција помеѓу оние кои учествувале во настаните од 27-ми април.

Собраниската интерпартиска парламентарна група за интеграција, реформи и помирувањеденеска го одржа вториот состанок, на кој учествуваше и премиерот Заев.

Прмеиерот по средбата изјави дека е постигната согласност за процесот на помирување и за изготвување законско решение. Покажавме политичка волја, рече Заев, дека сме подготвени за еден ваков чекор, посочувајќи дека мора да се направи дистинкција помеѓу оние кои учествувале во настаните од 27-ми април.

Премиерот кажа дека волја и желба постојат, но дека црвените линии не смеат да се поминуваат, што е многу важно за да не ни падне, како што рече, на памет да влијаеме врз правосудниот систем. Потсети дека реформите и независноста на судството се  многу важен императив во евроинтеграциските процеси за влез во НАТО и во ЕУ.

Заев кажа дека треба да се разграничи што е насилство, а што не е насилство, а што е физичко насилство, што е тоа реализација и осмислување и што е тоа некој да учествува во толпата, да биде заведен или понесен.

Претходно беа формирани три работни подгрупи, а копретседавачот со телото Фросина Ременски за нив изјави дека со ова се промовираат комуникацијата и соработката поради евроатлантските интеграции.

И овојпат на состанокот, не учествуваа претставници од ВМРО-ДПМНЕ, додека на првиот не беа и Алијансата за Албанците и БЕСА.