Брисел
Белгија одбива да отвори повеќе места за азил
30.11.2018 14:14
Од Бирото за странци велат дека станува збор за политички избор...

И покрај постојаниот раст на бројот на баратели на азил, државниот секретар за азил и миграција на Белгија, Тео Франкен одбива да отвори дополнителни места.
Белгиските медиуми пишуваат дека тој решил да го намали и постоечкиот капацитет за сместување на општините.
Од Бирото за странци велат дека станува збор за политички избор и дека во принцип тие имаат капацитет да третираат поголем број барања дневно.
