Аерозагадување

„Усје“: Не сме виновни за загадувањето во Скопје

30.11.2018 14:24

Цементарница „Усје“ не е виновникот за загадувањето на воздухот. Управниот одбор тврди дека ги почитува сите домашни и европски закони. Се набљудуваат емисиите во воздухот, при што се ангажирани акредитирани компании за мерење. Цементарница „Усје“ отворена за граѓаните, за медиумите и за невладините организации...

И покрај многубројните реакции од скопјани на социјалните мрежи, менаџментот на Цементарница „Усје“ тврди дека строго се контролира она што излегува од оџаците. Компанијата претстави податоци од емисиите на гасови, а директорот рече дека се поставени современи филтри, кои доколку не се во функција престанува да работи и линијата за производство.

Генералниот директор Борис Хрисафов тврди дека три акредитирани компании 24 часа ги мерат издувните гасови кои не придонесуваат во загадувањето на Скопје.

Резултатите од мерењата ги добива и Министерството за животна средина. Во капацитетот пред една недела влегоа и испекции, кои констатираа дека емисиите на издувните гасови се под границата.

Според заменик- министерот Макрадули, најголемото загадување доаѓа од домаќинствата.

 

Викторија Милевска