Постигната согласност за помирување, црвените линии не смее да се поминат
Се подготвува нов закон, што ќе ги опфати собраниските случувања од 27-ми април. Документот треба да влезе во Законодавниот дом до средината на декември годинава. Состанок на собраниското тело за помирување. ВМРО- ДПМНЕ не присуствуваше на втората средба...

Позитивна волја во телото постои, ќе ги слушнеме стручните аспекти за низ следните чекори да започне помирувањето- изјави премиерот Зоран Заев по состанокот на собраниското тело за помирување.
Трите формирани подгрупи во телото мора да ја завршат работата, за земјава да тргне во позитивна насока, а тоа се реформите, интеграциите и помирувањето- рече шефот на владата, кој во однос на Законот за амнестија вели дека црвени линии постојат.
Копреседавачот на телото, Емилија Александрова посочува дека секој пратеник може да учествува во работата на телото, а до вторник се очекуваат од подгрупите одредени предлози.
Широк е фронтот за дебата, но имаме консензус дека сите сме за исполнување на стратешките цели, уставните измени и интеграција на земјава во ЕУ и НАТО- вели Фросина Ременски.
Се очекува до средината на декември да биде изготвен новиот закон кои ќе ги опфати решенијата за собраниските случувања од 27-ми април.
Миле Ристески
