Здравство

Годинава 41 нов случај на ХИВ позитивни пациенти

30.11.2018 14:53

Македонија од ’87-та година досега се регистрирани 400 случаи на ХИВ позитивни пациенти. Само годинава регистрирани 41. Земјава се придржува на препораките на Светската здравствена организација. Сѐ уште нема лек за Сидата, болест која се појави во 80-тите години на минатиот век...

Годинава, регистрирани нови 41 случај на ХИВ- позитивни пациенти. Сите се машки, на возраст од 21 до 51 година. Најголемиот дел се заразиле преку хомосексуелен однос. Починале тројца.

Од Институтот за јавно здравје тврдат дека земјава се придржува до препораките на Светската здравствена организација за лекување на ХИВ. Оттаму објаснуваат оти за успешен третман, покрај навременото откривање и почнувањето со терапија, огромен удел има и редовното земање на лековите.

Во Македонија од 1987-ма година досега се регистрирани 400 случаи на ХИВ. Не постојат ризични групи, постои ризично однесување, велат лекарите.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да се тестираат, имајќи предвид дека тестирањето е доброволно, доверливо и бесплатно.

 

Александра Спировска