Објавен трет повик за субвенции на нискобуџетни авиокомпании
Уште еден повик за субвенции на нискобуџетните компании по двата неуспешни. Ќе трае до 21-ви следниот месец. Во следните три години владата ќе додели 5 милиони евра на избраниот превозник, вели ресорниот министер...

До крајот на годинава се очекува да биде избрана нискобуџетната авиокомпанија што ќе добие субвенции од државата. Објавен е јавниот повик. Министеротот за транспорт и врски вели дека се прават првични анализи за национален оператор во авиосообраќајот. Пари има, се утврдува оправданоста.
Досега имаше два неуспешни јавни повика, на кои единствен пријавен беше унгарски „Виз Ер“. Владата предвидува во следните три години да додели 5 милиони евра на избраниот превозник.
Во меѓувреме, се работи и на патната инфраструктура. Со пари од Светска банка се вршат реконструкции. Механизација е веќе ангажирана на патот Драчево- Јурумлери, а за 11 правци постапките се веќе завршени.
Паралелно се работи и на изградбата на автопатските делници.
Дијана Ценевска
