ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се гушат во загаден воздух, владата на СДСМ спие

04.12.2018 12:17

Доколку навистина владата на СДСМ сака да го спречи загадувањето, наместо да прави дискриминаторски мерки, ВМРО-ДПМНЕ предлага власта да обезбеди субвенции во износ од 50 насто за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини.

Граѓаните на Република Македонија додека се гушат во загаден воздух, владата на СДСМ спие, а кога треба да се преземат краткорочни и долгорочни мерки за спречување на загадениот воздух, владата на СДСМ си игра игрици- обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку навистина владата на СДСМ сака да го спречи загадувањето, наместо да прави дискриминаторски мерки, ВМРО-ДПМНЕ предлага власта да обезбеди субвенции во износ од 50 насто за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини.

ВМРО-ДПМНЕ бара наместо субвенционирање за набавка на дрва на социјално загрозените семејства, да им се исплатат средства за сметките за потрошена електрична енергија.