СДСМ: Се преземаат мерки за намалување на аерозагадувањето
По 11 години системско загрозување на животната средина и зеленилото, денес конечно се преземаат мерки за намалување на аерозагадувањето, се обновуваат и подигаат нови зелени површини- велат од СДСМ.

Проблемот со загадувањето на воздухот 11 години беше целосно игнориран од власта на ВМРО-ДПМНЕ која не презеде ништо, затоа што мислеше како на криминален начин да приграби што повеќе пари од граѓаните- се вели во соопштението на Социјалдемократите.
Според партијата зголемувањето на загадувањето на воздухот во овие 11 години е резултат токму на такво криминално однесување, не водејќи никаква грижа за здравјето на граѓаните.
По 11 години игнорирање на проблемот со загадувањето, по 11 години системско загрозување на животната средина и зеленилото, денес конечно се преземаат мерки за намалување на аерозагадувањето, се обновуваат и подигаат нови зелени површини- велат од СДСМ.
