ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не презема ништо за намалување на аерозагадувањето
Се предлага да се обезбедат буџетски средства за набавка на печки на пелети. Наместо субвенционирање во набавка на дрва на социјално загрозените семејства, да им се исплатат средства за сметките за потрошена струја...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека не презема ништо за намалување на аерозагадувањето во градовите. Затоа од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат сет мерки кои власта треба да ги примени доколку навистина сака да се справува со загадувањето.
Се предлага да се обезбедат буџетски средства за набавка на печки на пелети. Наместо субвенционирање во набавка на дрва на социјално загрозените семејства, да им се исплатат средства за сметките за потрошена струја.
Да се забрани употреба на петрол, кокс, особено во услови на грејна сезона и да се овозможи пренасочување на движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на загаденост- се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
