Хан: Не верувам во екстрадиција на Груевски

10.12.2018 11:15

Евокомесарот за проширување изјави дека не верува дека експремиерот Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ порача дека не верува дека експремиерот Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.

Запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, Хан одговори- Се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно бидејќи двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот парламент.