Франција
Макрон ќе ѝ се обрати на нацијата, се очекува повик за национално обединување
10.12.2018 10:55
Шефот на француската држава сака да ги чуе ставовите и предлозите за запирање на протестите.

Францускиот претседател Eмануел Mакрон денеска на разговори со политичари, бизнисмени и синдикални лидери по 4-неделните протести во Франција.
Шефот на француската држава сака да ги чуе ставовите и предлозите за запирање на протестите.
Макрон ќе има обраќање до нацијата во кое се очекува да повика на национално обединување. За време на протестите викендов беа приведени над 1.700 демонстранти и повредени 135 луѓе.
