Лагард: Протестите во Париз ќе имаат негативно влијание на економијата

10.12.2018 11:34

„Се надевам дека ќе има дијалог. Луѓето треба да ги посочат проблемите и да се најдат решенија. Но меѓу „жолтите елеци“ има насилници кои се инфилтрирани во движењето и кои мора да се санкционираат“, рече Лагард.

„Eкстремно се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните во светот“, оцени извршниот директор на ММФ, Кристин Лагард во интервју за „СИ-БИ-ЕС“. Според неа, протестите во Париз ќе имаат негативно влијание на економијата.

„Се надевам дека ќе има дијалог. Луѓето треба да ги посочат проблемите и да се најдат решенија. Но меѓу „жолтите елеци“ има насилници кои се инфилтрирани во движењето и кои мора да се санкционираат“, рече Лагард.

Првиот човек на ММФ оценува дека трговските војни се опасност за светската економија и апелираше за надминување на нарушените трговски врски меѓу САД и Кина.