Средба Џафери- Ручи
Претседателот на Парламентот на Република Албанија, Грамоз Ручи денеска престојува во посета на Собранието на Република Македонија, каде имаше тет-а-тет средба со неговиот македонски колега Талат Џафери...
Спроведувањето на Преспанскиот договор како услов за евроатланската интеграција на Македонија била една од темите на средбата на спикерите на парламентите на Македонија и на Албанија, Џафери и Ручи.
„Го информирав мојот колега Ручи до каде се точките на исполнување на договорот од Преспа. Заклучивме дека само со дијалог може да се решат сите проблеми. Се отвораат нови перспективи на односите меѓу двете земји“, изјавил претседателот на Собранието Џафери на прес-конференцијата со Ручи.
„Изразив полна поддршка од Албанија за членството на Македонија во НАТО. Ја цениме улогата на албанските политичари во процесот за прифаќање на договорот од Преспа. Го поздравуваме тој договор и верувам дека тој ќе го отвори патот на Македонија кон НАТО и отворање на преговорите за членство во ЕУ“, изјавил Ручи по средбата во Собранието.
