МТСП: 60 проценти деца помалку во установите

10.12.2018 14:09

Преку процесот на деинституционализација вкупно161 дете се згрижува надвор од установите.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека до крајот на годинава во социјалните установи во земјава ќе бидат сместени за 60 насто помалку деца во однос на средината на годината.

Преку процесот на деинституционализација вкупно161 дете се згрижува надвор од установите.

Во специјалниот завод во Демир Капија веќе нема деца до 18 годишна возраст, а децата од домот „25 Мај“ во Скопје се згрижени во 5 мали групни домови, а исто така и 30 деца од домот „11 Октомври“ во Скопје ќе бидат сместени во мали групни домови во Скопје и во Штип, односно во згрижувачки семејства.