Илијадници мигранти чекаат за влез во САД
Американскиот претседател Трамп предупреди дека може да ја затвори границата кон Мексико...

Илјадници мигранти од Јужна Америка се уште чекаат за влез во САД и покрај предупредувањето дека ќе бидат уапсени ако илегално ја преминат границата.
Семејство илегални мигранти се обиделе да ја преминат границата меѓу Мексико и САД поминувајќи под оградата додека биле снимани од американски медиуми.
Американските власти ги предупредиле новинарите дека ќе бидат обвинети за помагање на илегалците.
„Мексиканските власти се предупредени, и вас ве предупредувам да не им помагате на илегалците“, изјави агент на Американската царина и гранична контрола.
Американскиот претседател Трамп предупреди дека може да ја затвори границата кон Мексико ако мигрантите се обидат илегално да преминат во САД.
