Хан: Реформи за позитивен извештај
10.12.2018 14:22
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан со порака дека реформите се предуслов за позитивен извештај на ЕУ.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ порача дека не верува дека експремиерот Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија. Хан со порака дека реформите се предуслов за позитивен извештај на ЕУ.
„Разговаравме за работата на парламентот во наредните две седмици на договорот за името. Исто така, јасно кажав дека и сите други реформски мерки мора да се постигнат за да има позитивен извештај од ЕУ во средината на идната година“, нагласи еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
