ВМРО-ДПМНЕ: МТСП не се грижи за децата без родители

10.12.2018 14:27

Со сместувањето на децата со ваков статус во мали групни домови, Царовска не обезбедува добри и квалитетни услови за нивниот живот...

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска не се грижи за децата без родители, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се залага да им се обезбедат соодветни услови за живот, таа ги затвoра институциите каде тие се сместени. Со сместувањето на децата со ваков статус во мали групни домови, Царовска не обезбедува добри и квалитетни услови за нивниот живот.

Дали со сместувањето во мали групни домови, Царовска ќе овозможи богатење на своите блиски соработници од СДСМ преку исплата на високи кирии за тие домови- прашуваат од опозициската партија.