Затвореници во Идризово почнаа штрајк со глад, бараат амнестија
Според најавите, затворениците ќе штрајкуваат два дена, а доколку нивното барање за амнестија не биде исполнети, тие се закануваат дека нивните семејства ќе протестираат пред Владата.

Затвореници од затворот „Идризово“ штрајкуваат со глад. Бараат да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија на обвинетите за собраниските натсани од 27-ми април.
Штрајкуваат поголемиот дел од затворениците во казнено- поправната установа, кои одбиваат храна. Извршени им се лекарски прегледи. Според најавите, затворениците ќе штрајкуваат два дена, а доколку нивното барање за амнестија не биде исполнети, тие се закануваат дека нивните семејства ќе протестираат пред Владата.
Премиерот Заев изјави дека добил писмо од затворениците, но оти не се планира закон за општа амнестија.
