Британија може да се откаже од Брегзит
Шефот на британската дипломатија, Џереми Хант, сепак рече дека Лондон нема намера да се повлече од намерата, потврдена на референдумот за напуштање на европскиот блок.

Европскиот суд за правда пресуди - Обединетото Кралство може да го стопира брегзитот без согласност од другите 27 земји- членки на Унијата. Шефот на британската дипломатија, Џереми Хант, сепак рече дека Лондон нема намера да се повлече од намерата, потврдена на референдумот за напуштање на европскиот блок.
„52 процента од Британците гласаа за Брегзит и би биле незадоволни од евентуалното одложување да се напушти Унијата на 29-ти март“, рече министерот за надворешни, Хант.
Пресудата на Европскиот суд доаѓа пред клучното гласање во британскиот Парламент за договорот за Брегзит на премиерката Тереза Меј.
„Договорот за повлекување од ЕУ дозволува силни врски меѓу Oбединетото Кралство и Унијата, но и контрола врз она што влегува во земјава. Нема повеќе да и плаќаме огромни суми на Европската унија. Брисел нема да ни ги контролира нашите закони“, изјави Мајкл Гоув- британски министер за екологија.
Британската влада очекува дека договорот за излез од Унијата ќе помине на гласањето во Парламентот, бидејќи катастрофални би биле повлекувањето од процесот или немањето договор со Брисел.
Ирина Гелевска
