Јавен повик за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и за Црвениот крст на Република Македонија
Врз основа на член 16 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри ("Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/11, 51/11, У.бр. 53/11 132/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, У.бр.8/14, 61/15, 154/15, 23/16, 178/16 и У.бр.65/17), член 29 од Законот за инвалидски организации ("Службен весник на Република Македонија“ бр. 89/2008; 59/2012 и 23/2013) и член 158 од Законот за социјална заштита(“Службен весник на Република Македонија” бр. 79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/18), Министерството за труд и социјална политика, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и за Црвениот крст на Република Македонија
I. Цели на јавниот повик:
1. Обезбедување на финансиска поддршка на приоритетни проекти/програми на Национални инвалидски организации во насока на унапредување на состојбата на лицата со инвалидност;
2. Обезбедување на финансиска поддршка за давање на специјализирани услуги за семејно насилство;
3. Обезбедување на финансиска поддршка на активности од областа на социјалната заштита на Црвениот крст на Република Македонија
II. Начин на избор и поблиски критериуми за рангирање на пријавените програми
Врз основа на поднесените предлог програми, согласно поблиските критериуми во јавниот повик, Министерството за труд и социјална политика ќе изврши избор на програмски/проектни активности кои ќе бидат финансиски поддржани со средства обезбедени согласно Законот за игрите на среќа и забавните игри, а прифатените предлог програми/проекти ќе бидат содржани во Програмата за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејното насилство и на Црвениот крст на Република Македонија од приходите од игри на среќа и од забавни игри во 2019 година.
Критериуми за избор на програми и проекти кои што ќе се финансираат согласно Законот за игрите на среќа и забавните игри за 2019 година се дефинирани во :
1. Интерна процедура за обезбедување на финансиска поддршка на приоритетни проекти/програми на Национални инвалидски организации согласно Јавен повик за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и за Црвениот крст на Република Македонија.
2. Интерна процедура за утврдување на критериум и методологија за рангирање и избор на проекти на здруженија за борба против семејно насилство согласно Јавен повик за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и за Црвениот крст на Република Македонија.
3. Интерна процедура за обезбедување на финансиска поддршка на активности од областа на социјалната заштита на Црвениот крст на Република Македонијасогласно Јавен повик за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и за Црвениот крст на Република Македонија.
III. Потребна документација
- Пријава - апликација со назначување за која специфична цел од повикот аплицира (1, 2 и 3).
- Предлог-програма или проект со детален опис на целите, конкретен работен план за имплементација и период на реализација на активностите со кои ќе се обезбеди реализација на предвидените цели на проектот.
- Детална финансиска конструкција потребна за реализирање на предвидените активностите на програмата/проектот во која ќе биде вклучена и пресметка на трошоците за плата на лицата кои ќе учествуваат во реализацијата.
- Полн назив и адреса на останатите субјекти со јасно дефинирани активности во текот на реализација на програмата или проектот.
- Вкупен број и квалификациона структура/професионално искуство на лица предвидени за реализација на програмата или проектот.
- Име и презиме и контакт податоци на одговорното лице за реализација на програмата или проектот.
- Информации за претходно искуство на организацијата во реализацијата на слични проекти .
IV. Износ на средства кои што се доделуваат и временски период во кој што ќе се извршуваат работните активности
Вкупниот износ на средствата за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и за Црвениот крст на Република Македонија за 2019 година, ќе се обезбеди согласно Законот за игрите на среќа и забавните игри и Одлуката за распоредување на приходите од игри на среќа и од забавните игри во 2019 година за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст на Република Македонија.
Распределбата на вкупниот износ на обезбедени финансиски средства согласно Законот за игрите на среќа и забавните игри наменати за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и за Црвениот крст на Република Македонија за 2019 година, ќе биде дефинирана во Програмата за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејното насилство и на Црвениот крст на Република Македонија од приходите од игри на среќа и од забавни игри во 2019 година, а врз основа на програмските/проектни активности кои ќе бидат прифатени од страна на Министерството за труд и социјална политика.
Времетраењето на реализацијата на поддржаните програмски/проектни активности ќе биде во согласност со доставените предлог програми/проекти, во текот на 2019 година.
V. Рокови за спроведување на постапката
- Јавниот повик трае 7 дена од денот на објавувањето на веб страната на министерството за труд и социјална политика.
- Крајниот рок за доставување на апликациите е до 16:30 часот во последниот ден на рокот на јавниот повик.
- Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена по истекот на рокот за поднесување на пријавите, спроведува постапка за разгледување и избор на предлог програми/проектни активности, врз основа на што ќе ја подготви Програмата за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и за Црвениот крст на Република Македонија во 2019 година.
- Договорот за меѓусебните права, обврски и одговорности во реализацијата на финансиската поддршка на националнaта инвалидска организација, нејзините здруженија и нивната асоцијација, здруженијата за борба против семејно насилство и за Црвениот крст на Република Македонија Министерот за труд и социјална политика ќе го склучи во рок од 15 денови од денот на објавување на Одлуката за распоредување на приходите од игри на среќа и од забавните игри во 2019 година за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и за Црвениот крст на Република Македонија во Службен весник на Република Македонија.
- Пријавата со приложените документи треба да се достават до архивата или преку пошта на Министерството за труд и социјална политика на адреса ул. Даме Груев бр.14-Скопје, со назнака за Јавен повик за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и за Црвениот крст на Република Македонија.
Напомена: Пријавите кои ќе пристигнат по предвидениот рок за доставување нема да се разгледуваат.
Националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, здруженијата за борба против семејно насилство и Црвениот крст на Република Македонија, кои ќе бидат поддржани од страна на Министерството за труд и социјална политика, имаат обврска на сите материјали (печатени и електронски) кои ќе бидат продуцирани во рамки на овој јавен повик на видно место треба да стои:
Поддржано од:
Република Македонија
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
