Нова средба на интерпартиската парламентарна група за помирување
Состанок на работната подгрупа за помирување во понеделникот беше прекинат поради нови информации за кои се потребни дополнителни консултации во врска со законското решение за амнестија на дел од учесниците во настаните во Собранието на 27-ми април лани.

Во Собранието нова средба на интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција.
Состанок на работната подгрупа за помирување во понеделникот беше прекинат поради нови информации за кои се потребни дополнителни консултации во врска со законското решение за амнестија на дел од учесниците во настаните во Собранието на 27-ми април лани.
Претседавачот со подгрупата, Зекир Рамчиловиќ најави дополнителни информации за продолжението на состанокот на кој треба да се доуреди предлог- законот за амнестија.
