Уставен суд: Иницијативи за оценка на одлуката за измени на Уставот

12.12.2018 13:04

Пред Уставниот суд две иницијативи за оценка на законитоста и уставноста на собраниската одлука за пристапување кон измена на највисокиот правен акт. Владата го подготвува сублимираниот извештај од јавните расправи. Во понеделник почнува третата фаза од уставните измени...

Уставниот суд врз основа на две поднесени иницијативи од Светскиот Македонски Конгрес и од физичко лице од Свети Николе ги оценува законитоста и уставноста на собраниската одлука за пристапување кон измена на највисокиот правен акт.

Деветмината уставни судии треба да решат дали ќе поведат постапка за оцена на уставноста на одлуката oд 19-ти октомври годинава, по што доколку биде прифатена ќе оди на гласање.

Доколку Уставниот суд ги прифати иницијативите, одлуката може да биде поништена или да се донесе привремена мерка до решавање, со што би се суспендирале сите поединечни дејства и акти.