ВМРО-ДПМНЕ: Нема крај на партизацијата на власта
Не се ценат стручноста и образованието туку само партиската книшка, изјави портпаролот Стоилковски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта вработува по партиски клуч. Не се ценат стручноста и образованието туку само партиската книшка, изјави портпаролот Стоилковски.
„Очигледно е дека Георгиева напредува само и само кога СДСМ, Заев и Цветанка Иванова имаат моќ во раце. Тоа се судските реформи на аболицираниот Зоран Заев, така тој ги замислува независното судство и европскиот пат. СДСМ без партиско судство не може да функционира. Со ваков избор може да се очекува на пролет наместо препорака, од Брисел да дојде порака- Со вака избрани судии, вие не сте за Европа!“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Црнилата кои што секојдневно ги приредуваат од оваа страховлада, ја девастираат државата, црнила ги затвора сите пори на општеството. Колку побрзо си заминат, толку побрзо ќе ја вратиме Република Македонија на вистинскиот пат, велат од опозициската партија.
