Подгрупата за помирување изготви Предлог- закон за амнестија
Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вели дека со предлог- законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство на 27-ми април лани во Собранието.

Подгрупата за помирување во Собранието изготви Предлог- закон за амнестија. Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вели дека со предлог- законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство на 27-ми април лани во Собранието.
Со Предлог-законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27-ми април лани во Собранието. Сeкое лице опфатено со процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија од понтамошната постапка. На овој начин сметаме дека процесот што треба да даде одговор за сето она што се случи на 27-ми април ќе продолжи и од таа страна ќе имаме правна завршница, правдата ќе си го најде местото, но секако и дел од лицата кои беа вклучени во настаните од 27-ми април ќе добијат амнестија и на тој начин е направен првиот чекор кон релаксација на односите во општеството односно на одредени поделби кои излегоа после овој настан, посочи Рамчиловиќ.
Појасни дека во текстот јасно е дефинирано кои лица ќе бидат опфатени со процесот по завршување на доказната постапка.
