Одбрана

Адмирал Фого: НАТО го цени активниот придонес на Македонија во мировните мисии

12.12.2018 14:29

НАТО го цени активниот придонес на Македонија во мировните мисии, изјави командантот на здружените сили во Неапол, адмирал Фого. Министерката Шекеринска најави дека по приемот во Алијансата е можно да се зголеми учеството во меѓународните операции...

НАТО високо го цени придонесот на Македонија во операциите на Алијансата, изјави командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Фого по средбата со министерката за одбрана Шекеринска. АРМ веќе го зголеми учеството во мисијата на НАТО во Авганистан, а по членството ќе учествува и во други операции под команда на Алијансата.

Македонија успешно ги заврши пристапните преговори и е подготвена за членство во НАТО, оцени министерката за одбрана Шекеринска. Договорено е од идната година, освен логистичка поддршка на КФОР на Косово, АРМ да упати и штабни офицери во оваа операција на Алијансата.

Македонија е подготвена да испрати штабни офицери во здружената команда на НАТО во Неапол во чија надлежност е безбедноста на регионот.

 

Ирина Гелевска