Уставниот суд ги отфрли иницијативите за уставните измени

12.12.2018 14:39

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров ги повика пратениците да не ги гласаат уставните измени.

Уставниот суд ги отфрли две иницијативи од Светскиот Македонски Конгрес и од физичко лице од Свети Николе, за оценува на законитоста и уставноста на собраниската одлука за пристапување кон измена на највисокиот правен акт.

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров ги повика пратениците да не ги гласаат уставните измени.

„Жалосно е што уставните судии легитимираат меѓународен договор кој не е ратификуван согласно Уставот и не е дел од правниот поредок на Република Македонија. Апелираме до пратениците да не го усвојат амандманот за промена на името, и натаму бараме распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори. Секако, размислуваме за опција задолжителен референдум по предлог на 150 илјади граѓани“, изјави Петров.

Според Уставниот суд, одлуката на Собранието не е пропис според член 110 од Уставот, па затоа и судот не е надлежен мериторно да одлучува за оценка на уставноста и законитоста.