Собрание

Утврден текстот на Предлог- законот за амнестија

12.12.2018 14:48

Подгрупата за помирување во Собранието изготви Предлог- закон за амнестија. Зекир Рамчиловиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вели дека со Предлог- законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство на 27-ми април лани во Собранието...

Подготвен предлог текстот за делумната амнестија која ги опфаќа учесниците во настаните од 27- ми април. Текстот го изготвија членовите на подгрупата на телото за помиртување и според пратеникот Рамчиловиќ, бил прифатен со консензус. Тој не соопшти детали од предлогот, за како што рече, не се наштети на целокупниот процес, но потенцира оти се прави дистинкција меѓу организаторите и насилниците од 27- ми април.

Рамчиловиќ во име на пратениците од подгрупата за помирување истакна дека предлогот за амнестија е првиот чекор кон релаксација на односите во општеството. Понатаму, работата ќе продолжи со превенирање на состојбите за да нема конфликти и нови поделби.

Социјалдемократите сметаат дека во Законот за амнестија мора да има дистинкција меѓу учесниците во собраниските настани.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, вели Владимир Ѓорчев. Не учествуваме во телото за помирување кое се занимава со политички пазарења.

Неодмна Предлог- законот за целосна амнестија за 27- ми април поднесен од опозицијата беше одбиен од парламентарното мнозинство.

 

Миле Ристески