СДСМ: Мицкоски спроведува деструктивни политики

12.12.2018 15:10

Мицкоски исто како Груевски спроведува деструктивни политики и работи против интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО, велат од СДСМ.

Кај раководството на ВМРО-ДПМНЕ присутна истата матица. Мицкоски исто како Груевски спроведува деструктивни политики и работи против интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО, велат од СДСМ.

„Мицкоски, исто како Груевски спроведува деструктивни политики, се обидува да ги закочи процесите за ЕУ и НАТО, работи против интеграција на Македонија во најмоќните демократски сојузи на светот“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадинов.

Како потврда дека ништо суштински не е сменето се луѓето од неговото опкружување но и истите гласноговорници на тие деструктивни политики против НАТО и ЕУ- велат од СДСМ.