Реконструкција на обидот за убиство на Тодоров
Пред Министерството за здравство- реконструкција на обидот за убиство на поранешниот министер Никола Тодоров. Во присуство на Судечкиот совет, обвинетиот Љупчо Стојановски ја изнесе својата верзија на настанот која беше спротивна од онаа на Тодоров. Со реконструкцијата треба да се утврдат фактите за тоа што точно се случило на 1-ви јуни лани.

Каде точно стоел дедото на Тамара, а каде екс- министерот Тодоров, во кој правец завршиле проектилите? Судот и балистичарите на терен го реконструираа обидот за убиство на некогашниот прв човек на здравството.
Двајцата изнесоа свои верзии за тоа што се случи. Тодоров тврди- обвинетиот сакал да го убие затоа што нишанел директно на неговата глава.
Љупчо Стојановски беше осуден на 7 и пол години затвор, но Апелацискиот суд ја укина пресудата и предметот го врати на повторно одлучување.
Анита Димитријевска
