Слепите и лицата со оштетен вид од Пелагонискиот регион добија Регионален центар
Во Битола е отворен регионален центар за слепи и за лица со оштетен вид. Ќе опслужува пет општини од Пелагонискиот регион...

Слепите лица и лицата со оштетен вид од пет општини во Пелагонискиот регион добија ново катче. Поранешната месна заедница „Коле Лачето“ преадаптирана е во Регионален ресурсен центар кој, како што велат, е единствен во земјава кој гласи на Здружение на слепи лица. Центарот е опремен со најсофистицирана опрема која ќе им помага од игрите за забава, па сѐ до нивната едукација.
Очекуваме Центарот да биде успешна приказна бидејќи на институционален начин ќе се канализираат потрбите на овие лица преку современи програми, велат од УНДП, кои финасиски го подржаа проектот, а првите луѓе на општините ветија дека ќе се погрижат за одржливост на центарот.
Одржувањето и отварањето на нови вакви центри е многу важно, затоа што во Македонија според статистиката, има околу 23.000 слепи лица. Во Пелагонискит регион евидентирани се 220 слепи лица, од кои пет деца. Едно од нив денеска и свечено го отвори новиот Регионален центар.
Стевче Митревски
