Унгарскиот портал „24.ху“ објави видео од Груевски во Будимпешта

12.12.2018 16:08

Новинарот праша, но не доби одговор како Груевски ја напуштил нашата земја и дали унгарските власти му помогнале во тоа.

Унгарскиот портал „24.ху“ објави видео од поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во Будимпешта. Новинарот праша, но не доби одговор како Груевски ја напуштил нашата земја и дали унгарските власти му помогнале во тоа.

„Во средата, Груевски е снимен на ручек во еден од најскапите ресторани во Будимпешта. Поранешниот македонски премиер беше на ручек со двајца мажи, потоа ги остави, и набрзина влезе во автомобилот и си замина со својот возач“, пишува медиумот.