Комплетирани големите 16, ждрепката е в понеделник
Носители на ждрепката која што ќе се одржи на 17-ти декември во Нион, седиштето на УЕФА, се Борусија Дортмунд од Групата А, односно Барселона, ПСЖ, Порто, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Јувентус од останатите групи, редоследно.

Во елиминациската фаза во тековната сезона во Лигата на шампионите, се пласираа најдобрите две екипи од секоја група, додека третопласираните ќе го продолжат престојот во континенталните натпреварувања преку Лига Европа.
Носители на ждрепката која што ќе се одржи на 17-ти декември во Нион, седиштето на УЕФА, се Борусија Дортмунд од Групата А, односно Барселона, ПСЖ, Порто, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Јувентус од останатите групи, редоследно.
Атлетико Мадрид, Тотенхем, Ливерпул, Шалке, Ајакс, Лион, Рома и Манчестер Јунајтед се второпласирани, што значи ќе бидат во подредена ситуација, односно ќе го играат реваншот на гостински терен.
Носителите играат против второпласираните, два тима од иста група или од иста фудбалска асоцијација не може да играат меѓусебно, победува тимот со повеќе постигнати голови или повеќе голови на гости или подобриот по изведувањето на пеналите, првпат во историјата на елиминациските фази на ЛШ ќе се користи ВАР технологијата.
Фото: uefa.com
