Ликвидиран терористот од Стразбур

14.12.2018 12:09

Напаѓачот, познат на француската и германската полиција поради повеќе криминални дела, бил убиен на улицата Лазарет.

Француската полиција го ликвидира Шериф Чекат кој изврши терористички напад во Стразбур. Напаѓачот, познат на француската и германската полиција поради повеќе криминални дела, бил убиен на улицата Лазарет.

Претходно е соопштено дека има нова полициска акција во квартот Недорф и околу стадионот на Стразбур, каде што се слушале истрели.

Џихадистичката група Исламска држава соопшти дека Чекат бил нејзин борец, но не изнесе докази за тврдењата.