Ердоган: Ако не се повлечат Курдите, ќе влеземе во Манбиџ

14.12.2018 14:22

Анкара и Вашингтон имаат несогласување во врска со позицијата на силите за заштита на народот.

Турските сили ќе влезат во сирискиот град Манбиџ, ако САД не обезбедат повлекување на силите за заштита на народот на сириските Курди од овој регион, изјави турскиот претседател Ердоган.

Додаде дека Анкара е решена да обезбеди мир во областа, источно од реката Еуфрат во Сирија. Анкара и Вашингтон имаат несогласување во врска со позицијата на силите за заштита на народот.

Претходно, годинава двете земји постигнаа договор за Манбиџ по неколкумесечните несогласувања, кој предвидува силите за заштита на народот целосно да се повлечат од градот.