Брисел: Протести против договорот за миграција

17.12.2018 11:10

Локалните власти првично го забранија протестот, поради страв од насилство, но Врховниот суд на Белгија ја повлече забраната, повикувајќи се на правото на граѓаните на мирен протест.

Во Брисел синоќа имаше протести против усвојувањето на глобалниот договор на Обединетите нации за мигрантите. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Локалните власти првично го забранија протестот, поради страв од насилство, но Врховниот суд на Белгија ја повлече забраната, повикувајќи се на правото на граѓаните на мирен протест.

Приврзаниците на договорот за мигрантите тврдат дека обезбедува гаранции за сигурно и хумано движење на луѓето ширум светот.