Унгарија
Илјадници протестираа против владата на Орбан
17.12.2018 11:46
Протестите под име „Среќен божик г-не премиере“ се четврти по ред во последните неколку дена и се организирани од опозициската левичарска партија, група студенти и граѓани кои се противат на владата...

Илјадници граѓани во Будимпешта протестираа против новиот закон за работа и против владата на лидерот Виктор Орбан.
Протестите под име „Среќен божик г-не премиере“ се четврти по ред во последните неколку дена и се организирани од опозициската левичарска партија, група студенти и граѓани кои се противат на владата и новиот закон, кој им овозможува на работодавачите да бараат и до 400 часа прекувремена работа годишно, поради што критичарите го нарекоа „Закон за робови“.
