Франција

Филип: Владата направи грешки

17.12.2018 12:33

Тој рече дека новите мерки на претседателот Макрон ќе чинат околу 10 милијарди евра. Во нив спаѓаат укинувањето на данокот на гориво, замрзнувањето на цените на електричната енергија и гасот, зголемување на минималните плати и укинувањето на данокот на ниските пензии.

Францускиот премиер Едуар Филип призна дека владата направила грешки во кризата со протестите на „Жолтите елеци“ и дека не ги слушала доволно Французите.

Тој рече дека новите мерки на претседателот Макрон ќе чинат околу 10 милијарди евра. Во нив спаѓаат укинувањето на данокот на гориво, замрзнувањето на цените на електричната енергија и гасот, зголемување на минималните плати и укинувањето на данокот на ниските пензии.

Претседателот на Националното собрание ги повика „Жолтите елеци“ своите барања да ги изразат на следните избори – европските во мај 2019 година.