Москва

Лавров: Киев подготвува провокации

17.12.2018 14:35

Лавров рече дека според податоците до кои дошле руските власти, Порошенко „планира провокација во координација со своите западни спонзори“.

Украинските власти подготвуваат оружена провокација на границата со Крим во последните десет дена од декември, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Тој додаде дека доколку дојде до провокации, Русија ќе и одговори на Украина. Лавров рече дека според податоците до кои дошле руските власти, Порошенко „планира провокација во координација со своите западни спонзори“.

Нагласи дека Русија постојано се соочува со провокации од официјален Киев.