Традиција

Прилеп се подготвува за прославата на Свети Никола

18.12.2018 11:03

Со речиси 70.000 посни сарми и посна трпеза во центарот на градот, Прилеп се подготвува за прославата на патрониот празник Свети Никола. Сѐ е во духот на традицијата, добрата мисла и заедништвото, велат годинашниве домаќини на прославата, семејството на прилепскиот градначалник Јованоски...

Прилеп, по 13-ти пат, се подготвува за прославата на патрониот празник „Свети Никола“. 40-ина жени од прилепските здруженија ги свиткаа традиционалните мали посни сарми, синоним на традицијата.

Годинашните домаќини, семејството на прилепскиот градоначалник Јованоски велат- сѐ е во духот на традицијата, добрата мисла и заедништвото. Свиткани се близу 70.000 посни сарми, а подготвена е и целата трпеза во центарот на градот.

Прилепчанки велат- прославата е традиционална, одлика на умешноста на домаќинките, и сѐ е во духот на традиционалното почитување на вредностите, но и на собирањето на семејството на едно место.

В среда напладне, на Свети Никола, ќе биде поставена заедничката посна трпеза во центарот на Прилеп.

Во 2008-ма градот влезе во Гинисовата книга на рекорди со приготвени преку 81.000 мали посни сарми.

 

Елизабета Митреска