Телото за помирување ќе расправа за Предлог- законот за амнестија
Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи Подгрупата за помирување, по минатонеделниот состанок изјави дека е постигнат консензус за законот и со него нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27-ми април лани во Собранието.

Интерпартиската парламентарна група за помирување, интеграција и реформи денеска ќе го одржи третиот состанок на кој се очекува да биде разгледан Предлог- законот за амнестија што го изготви Подгрупата за помирување.
Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи Подгрупата за помирување, по минатонеделниот состанок изјави дека е постигнат консензус за законот и со него нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27-ми април лани во Собранието.
Појасни дека во текстот јасно е дефинирано кои лица ќе бидат опфатени со процесот по завршување на доказната постапка. Најдени се правни формулации врз основа на постоечкото обвинение и врз основа на друг член „здружување заради непријателска дејност“ може да го продолжи процесот.
