Поднесени седум амандмани на уставните измени

18.12.2018 12:53

На законот се поднесени седум амандмани. Три поднеле пратениците од независната пратеничка група, два се од Алијансата на Албанците, и еден од БЕСА и од пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири.

Уставниот закон и амандманите на највисокиот правен акт, денеска се во завршната фаза во надлежната Собраниска комисија. На законот се поднесени седум амандмани. Три поднеле пратениците од независната пратеничка група, два се од Алијансата на Албанците, и еден од БЕСА и од пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири.

Во дел од образложенијата на поднесените амандмани се нагласува барањето да се овозможи еднаквост во изразување на државјанството на сите граѓани на Република Македонија. Да се постигне одвојување меѓу државјанството и етничката припадност на сите граѓани.

Комисијата за уставни прашања ја одржува седницата попладнево.