Усогласен текстот на Предлог- законот за амнестија
Усогласен текстот на Предлог- законот за помилување. Од Телото за помирување велат- со ова нема да бидат опфатени организаторите и оние кои носеле оружје, или ги нападнале пратениците. Предлог- законот треба да биде усвоен пред пресудите на надлежниот суд...

Телото за помирување го усогласи текстот на Законот за амнестија. Со него нема да бидат опфатени организаторите, оние кои носеле оружје, службените лица кои сториле кривично дело, како и оние кои физички ги нападнале пратениците.
Оние кои сакаат да бидат амнестирани ќе мораат да поднесат Барање за амнестија во рок од 5 дена од стапувањето во сила на Законот. Оние кои ќе поднесат Барање за амнестија нема да имаат можност да докажат дека се невини во судска постапка, велат од Телото за помирување.
Законот се очекува во текот на денот да биде објавен на интернет- страницата на Собранието и по тоа да влезе во собраниска процедура. Се очекува предлог- законот за амнестија да биде изгласан пред да биде донесена пресуда од судот.
Игор Панов
