Се врши увид на местото на железничка несреќа во населба Хиподром
Според првичните информации, несреќата се случила кога товарен воз кој се движел од граничниот премин Табановце кон Скопје – југ (железара), удрил во патничко моторно возило Фолксваген Венто, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје врши увид на лице место на несреќата која се случи утринава на железничкиот премин на ул. „Благоја Стевковски“ во скопската населба Хиподром.
Како што соопштија од Обвинителствот, според првичните информации, несреќата се случила кога товарен воз кој се движел од граничниот премин Табановце кон Скопје – југ (железара), удрил во патничко моторно возило Фолксваген Венто, сопственост на Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата на лице место починал возачот на автомобилот, полицискиот службеник А.Б. вработен во полициската станица Гази Баба.
